сеп
25

извор

дневник

Датум: 20.09.2011, 17:02

АД „БУТЕЛ“ ПОЧНА СО ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПАРЦЕЛИТЕ

Имотни листови и за гробовите

——————————————————-

…………………………. Од Градот изјавија дека законски мора да се спроведе оваа постапка, а дека катастарската евиденција е нешто што одамна функционира во цел свет.

Имотниот лист овозможува продажба и подарок

- Со досегашната законска регулатива, гробно место се даваше на користење за време од 10 години, со право на продолжување.

Сега, согласно Законот, гробното место се доделува на употреба како лична службеност. И за ова се склучува договор и тоа право се запишува во јавната книга за недвижности. За трансформација се плаќа 3.070 денари, а за доделување употреба на ново гробно место еднократниот надоместок е 10.400 денари, при што автоматски може да се изврши запишување во јавната книга – изјавија од Одделението за односи со јавноста во Градот.

——————————————————————————————-

Оттаму велат дека новите законски можности им нудат на граѓаните поголема сигурност во врска со сопственоста врз гробното место. Ако претходно нечии останки можеле да се откопаат поради долгогодишно неплаќање такса, сега тоа нема да се случува.

- Гробното место ќе може да биде предмет на наследување, подарување, продажба и слично – рекоа надлежните.

За појаснување, иако земјиштата за гробишта се државни, Градот има склучено договор со „Бутел“ за долготраен закуп. Парите што на граѓаните им се земаат за трансформацијата, според Градот, се потребни за административно спроведување на постапката во Катастар, која ќе ја води АД „Бутел“.

===========================================================================

Како го разбирам светот на гробиштата изнесен во “дневник“

-земјиштето е државно

-земјиштето е дадено под долготраен закуп на ад х

-имаме нов закон со кој што гробните места треба да се трансформираат од државна во приватна сопственост

-Сега секој поединечно треба да си го откупи гробното место од државата

за да биде негово

- ИЛИ МОЖЕБИ НЕ Е ТАКА

-парите ќе ги КОРИСТИ АД Х за да СПРОВЕДЕ  ПОСТАПКА во катастар

-на твоето место што си го платил ќе имаш право на СЛУЖБЕНОСТ по склучен договор со ад х

==============================

Аха, нов закон МОРА да се откупи земјиштето со гробои од државата

АД х нема пари, со ТУЃИ пари ќе го откупи земјиштето, ќе си го укнижи како сопственост, па пак ќе ти го РЕНТА како и досега, додека им беше под закуп п наплаќаа подзакуп.

===================================================

со еден удар две муви, ад х станува сопственик на државно земјиште без да дае динар

градот се пуни со пари од мртвите што плаќаат за друг да стане газда и продолжува со ИЗГРАДБА на ГРУЈОЛЕНД 2014

====================================================

НА УМ МИ ПАЃААТ ПОГОВОРКИ СО ЛУДИ И ЗБУНЕТИ